Македонските ракометари со црни ленти, натпреварот во Копер почна со минута молк (ВИДЕО)

Откако европската ракометна унија (ЕХФ) не дозволи одложување на натпреварот меѓу Словенија и Македонија поради трагедијата во Кочани, двете селекции сепак им оддадоа почит на жртвите.

Нашите ракометари се со црни ленти на рацете, а мечот во Копер почна со едноминутно молчење по што сите присутни дадоа громогласен аплауз.

Во салата во Копер има голем број македонски навивачи, дел од нив дојдени од земјава, а дел кои работат и студираат во Словенија.