
Фудбалер на Реал Мадрид ќе го замени Нејмар во репрезентацијата
Бразилецот се повреди минатата недела, а медицинскиот тим потврди дека не е подготвен за настап, поради што селекторот Доривал Жуниор реши да го повика Ендрик од Реал Мадрид.
Ендрик го носи дресот на „кралевите“ од минатото лето, но не добива често шанса кај Карло Анчелоти, меѓутоа сега ќе има шанса да го покаже својот квалитет за селекцијата на Бразил.