
Гвардиола: Нè чекаат уште девет финалиња во борбата за место во ЛШ
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола беше разочаран по ремито и кажа дека до крајот на сезоната ги чекаат уште девет финалиња.
„До крај ќе ни биде тешко. Имаме девет натпревари, односно девет финалиња во борбата за место во ЛШ. Оптимист сум, но имаме многу работа“, кажа Гвардиола.
Гигантот од „Итихад“ се наоѓа на петтата позиција со 48 бодови, односно еден помалку од Челси.