
Мбапе по дуелот со Вилјареал: Тешко се играат два меча во три дена!
Мбапе беше одличен на теренот, но посочи дека им било многу тешко да одиграат два меча во три дена.
„Беше важен и тежок натпревар. Се боревме до крај и покажавме карактер. Тешко е да се играат два меча во три дена“, кажа Мбапе.
„Кралевите“ се први во Ла Лига со 60 бодови, додека зад нив е Барселона со 57 поени.