
Пелистер го победи Чаир и остана во игра за второто место
Битолчани го совладаа домаќинот со 69-64 и останаа во игра за второто место на табелата, не две кола пред крајот на основниот дел. Сиромашниот меч со поени беше решен во последната минута во која Чаир не успеа да постигне поен, а Пелистер со серија од 4-0 стави точка на неизвесноста.
Мишковиќ со 20 поени беше најефикасен играч на Пелистер, а Антоан и Галовеј постигнаа по 15. Какруки беше најдобар кошаркар во тимот на Чаир со 20 поени и 10 скока.
Пелистер сега заостанува еден бод зад второпласираниот ТФТ, но пред него ќе биде и Работнички или МКК Куманово кои утре се среќаваат во меѓусебен дуел во Кисела Вода.