Ништо не се менува кај Роналдо - пак полуде поради измена (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо синоќа го постигна 928. гол во кариерата, но и покрај победата на неговиот Ал Наср против Ал Колод, уште еднаш покажа дека му е важен само индивидуалниот ефект.

Тренерот Стефано Пиоли одлучи да го повлече во игра во 60. минута, а португалскиот ас потоа јасно покажа дека не се согласува со оваа одлука. Место да седне на клупата за резервни играчи, тој нервозно почна да мрмори и гестикулира со рацете и замина директно во соблекувална.

Општо е познато дека главна цел на Роналдо во моментов е да стигне до бројката од 1.000 гола во кариерата, веројатно како прв во историјата. Досега има 928, а во првенството на Саудиска Арабија сезонава е најдобар стрелец со 19. Ова беше само петти од вкупно 25 натпревари кој не го доиграл на крајот и секогаш кога беше менуван, нервозно гестикулираше.