Сензација во Индијан Велс: Руското тинејџерско чудо ја елиминира Швјонтек

Младата руска тенисеркка Мира Андреева се пласира во финалето на Индијан Велс откако ноќеска го елиминира бранителот на титулата на овој турнир Ига Швјонтек со 2-1 (7-6, 1-6, 6-3).

Андреева има само 17 години, но сезонава веќе оствари неколку забележителни резултати и многумина ѝ предвидуваат блескава кариера и прво место веќе во 2025. Со триумфот против Швјонтек, таа веќе се искачи на осмото место на ВТА листата, а ако победи во финалето, ќе напредува уште две позиции.

Единствената криза на мечот со Швјонтек, таа го имаше во вториот сет кој го загуби со 1-6. Првиот го доби во тај-брејк со 7-1 откако двете тенисерки си разменија по еден брејк, додека во вториот рано освои два сервис-гема на противничката за водство од 4-1 и потоа без проблеми го приведе натпреварот кон крајот.

Во финалето, Андреева ќе се сретне со првата светска тенисерка Арина Сабаленка која со 6-0 и 6-1 ја совлада Медисон Кис од САД.