„Опта“ пресмета: Арсенал е фаворит против Реал Мадрид

Фудбалерите на Арсенал со вкупни 9-3 го елиминираа ПСВ во осминафиналето од Лигата на шампионите и така втора сезона во низа изборија место помеѓу најдобрите осум клубови во Европа.

Пред минатата сезона лонднскиот клуб последен пат играше во четвртфиналето во сезоната 2009/2010 кога ги елиминираше Барселона.

Оваа година ќе се соочат со актуелниот европски шампион, Реал Мадрид кој во осминафиналето на пенали го елиминираше Атлетико Мадрид.

Арсенал и Реал Мадрид досега двапати се сретнале на официјални натпревари и двата ги играле во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2005/2006. Во тој двомеч беше постигнат само еден гол, а во Лондон по еден мајсторски дриблинг и соло продор погоди Анри.

Сега според суперкомпјутерот на „Опта“, Арсенал има повеќе шанси за поминување во следната фаза од Реал Мадрид. Шансите за избраниците на Артета се пресметани на 53%, додека за Реал Мадрид тие изнесуваат 47%. Арсенал во вкупниот поредок е трет фаворит за освојување на Лигата на шампионите со 17% шанси, Реал Мадрид е петти со 15. Главен фаворит е Барселона на која „Опта“ и дава 20% шанси за титулата во најелитното клупско натпреварување.