Гвардиола му одговори на Капело: Не му е првпат

Познатиот италијански тренер Фабио Капело пред два дена го обвини менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола за ароганција и желба да се истакнува себеси пред фудбалери, а сега стигна одговорот од шпанскиот стратег.

Пеп и Капело имаа и соработка во минатото кога денешниот тренер на Манчестер сити ја завршуваше играчката кариера во Рома каде што Капело беше тренер.

„Знаете ли што не ми се допаѓа кај Гвардиола? Неговата ароганција… Финалето во ЛШ што го победи со Манчестер Сити е единствениот клучен меч на кој не се обидуваше со чудни работи. Во сите останати сезони, со Баерн и со Манчестер, тој на најважните натпревари правеше експерименти, како да сакаше да каже: Не победуваат играчите, јас победувам.. и затоа остана без уште неколку трофеи во Лигата на Шампионите“, гласеше изјавата која ја даде Капело.

Гвардиола на Капело му одговори на прес-конференцијата пред натпреварот против Брајтон во Премиер лигата.

„Слушам што луѓето зборуваат за мене. Се! Затоа бидете внимателни, ве контролирам. Не е првпат господинот Капело да зборува такво нешто. Не сум доволно добар да го уништам италијаскиот фудбал. За италијанскиот фудбал поважен е начинот на кој тоа тие го прават. Голем поздрав до Капело“, изјави Гвардиола пред натпреварот кој се игра од 16:00 часот.

Актуелниот шампион го дочекува Брајтон од петтото место на табелата со дури 23 бода помалку од Ливерпул кој е лидер.