Избрани најдобрите во ПЛ: Салах се израмни со Кејн и Агуеро, Мојс со Пеп

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е избран за најдобар во Премиер лигата за месец февруари.

Салах признането за играч на месецот го освои седми пат во својата кариера со што го израмни рекордот на поранешнио напаѓач на Тотнем, Хари Кејн и екс-напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.

Египетскиот фудбалер во изминатиот месец на шест натпревари во дресот на Ливерпул постигна шест голови и подели четири асистенции. Салах со голот и асистенцијата против Манчестер сити стана и првиот фудбалер во Премиер лигата кој забележал по гол и асистенција во двата натпревари против актуелниот шампион.

На вкупно 29 натпревари во најсилната англиска конкуренција Салах има 27 голови и 17 асистенции.

За најдобар тренер избран е Дејвид Мојс кој 11-ти пат во кариерата стигна до вакво признание и така се израмни со Пеп Гвардиола на вечната листа. Повеќе пати најдобри тренери во месецот биле само Алекс Фергусон и Арсен Венгер.