Историски момент: Ника Превц постави нов светски рекорд! (ВИДЕО)

На денешниот тренинг во Викерсунд се случи историски момент кога словенечката натпреварувачка во скијачки скокови успеа да го сруши светскиот рекорд со скок од 236 метри.

Светскиот рекорд минатата година на истата скокалница го постави Норвежанката Сија Опсет со скок од 230.5 метри.

Овој историски резултат дојде откако прво тренингот беше откажан поради временските услови, но откако се подобрија се донесе одлука да биде одржан.