
Мурињо бесен по елиминацијата од ЛЕ: Судиите ни го украдоа сонот!
Тренерот на турскиот клуб, Жозе Мурињо, остро го критикуваше судењето, истакнувајќи дека неговиот тим бил оштетен. Тој смета дека главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескос, пропуштил да досуди три пенали во корист на Фенербахче.
„Мислам дека судијата од ВАР нема да има проблеми со спиењето. Ќе вечера мирно и ќе легне да спие, но нам ни го украде сонот. Бевме трeтирани неправедно. Горд сум на моите играчи, кои го заслужија почитувањето на цела Турција, бидејќи бевме единствениот преостанат претставник на земјата во европските натпреварувања“, изјави Мурињо.
Ренџерс во четвртфиналето ќе се соочи со Атлетик Билбао.