Нашите клубови треба да учат од Борац Бања Лука како се заработуваат милиони евра!

Фудбалскиот клуб Борац од Бања Лука ја заврши својата најуспешна сезона во европските натпреварувања, стигнувајќи до осминафиналето во Конференциската лига, што им донесе огромна заработка каква што македонските клубови можат само да ја сонуваат.

Босанците беа елиминиран од Рапид Виена по драматичен натпревар и продолженија, но овој клуб има многу причини за задоволство бидејќи инкасираа дури 7,2 милиони евра од настапите во Европа. Покрај тоа, клубот го значително го зголеми босанскиот национален коефициент, исто како и клупскиот, кој е највисок во досегашната историја.

Борац БЛ ја мина групната фаза со победи над АПОЕЛ, ЛАСК и со ремија против Панатинаикос и Омонија. Во шеснаесетфиналето ја елиминираше Олимпија Љубљана со победа дома (1-0) и реми на гости (0-0). Во борбата за четвртфинале двапати одигра со 1-1 против Рапид, па потклекна во екстра-периодот.

Колку за илустрација, екипата на Вардар во историската сезона кога играше во групната фаза од Лига Европа заработи вкупно 3,2 милиони евра.