Артета добива три засилувања со кои ќе се обиде да ја освои Премиерлигата

Арсенал најверојатно и оваа сезона ќе ја изгуби битката за титулата во Премиерлигата, поради тоа што Ливерпул има огромна предност во завршницата од сезоната.

„Топчиите“ веќе се подготвуваат за следниот преоден рок, а Артета има три желби кои треба да му бидат исполнети следното лето.

Гигантот од Лондон бара нов дефанзивен фудбалер за врска, зашто на крајот на сезоната заминуваат Томас Парти и Жоржињо, а на нивно место треба да пристигне Мартин Зубименди чија вредност се проценува на 60 милиони евра.

Арсенал има проблеми и во нападот, па Артета решил да потроши до 150 милиони евра за ангажман на Александер Исак од Њукасл.

Трето засилување за лондонскиот тим треба да биде Нико Вилијамс, поради тоа што Габриел Мартинели не е во форма и Артета сака да ја пополни позицијата со засилување од 58 милиони евра.