Луис Енрике најавува уште помоќен ПСЖ: Ова е само почеток!

ПСЖ го доби мега двобојот со Ливерпул, па задоволството кај Луис Енрике е големо, но тој вели дека ова е само почеток.

По заминувањето на Мбапе, Луис Енрике состави тим кој функционира одлично, ПСЖ изнудува воздишки и во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

„Ова е само почеток. Нашиот менталитет треба да биде подобар. Ние покажавме силен карактер и ќе го играме нашиот фудбал без разлика на кој терен ќе излеземе“, вели Луис Енрике.

„Многу сум среќен и не знам што да кажам. Горд сум на овој тим“.