По мечот раководството на ПСЖ го врбуваше Ван Дајк да потпише за нив!? (ВИДЕО)

Во поттрибинскиот простор на Енфилд се случи една конверзација според која според многумина е убедување Ван Дајк да направи трансфер во ПСЖ.

Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува по крајот на сезоната, а тој уште нема потпишано продолжување на соработката со црвените. Тоа значи дека веќе може да преговара со други клубови.

По вчерашниот меч, претседателот на ПСЖ Насер Ал-Келаифи и директорот Луис Кампос беа видени како зборуваат со капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

Се верува дека ова е убедување тој да се пресели кај нив откако ќе му истече договорот со Ливерпул.