
Пелистер останува без еден од главните играчи: Цехте пред потпис со Слован
Медиумите во Словенија објавија дека искусниот ракометар и репрезентативец на својата земја е пред враќање во татковината и тоа во дресот на Слован со кого е во завршна фаза од преговорите. Тимот од Љубљана е со исклучително високи амбиции и со желба да влезе меѓу ретките кои досега биле шампиони на Словенија, покрај Цеље, Горење, Копер и Пруле. Тренер е селекторот на словенечката репрезентација Урож Зорман, а прва ѕвезда во моментот е Јуре Доленец.
Цехте интернационалец од 2018 година кога замина од Горење, а пред да дојде во Пелистер, играше и за Хановер во Германија и ГОГ во Данска. Член на битолскиот клуб е од 2023 година и со него лани ја освои титулата во македонското првенство и две години учествуваше во Лигата на шампионите.
Интерес од Слован постои за уште еден словенечки ракометар од тимот на Пелистер, Домен Тајник, но тој изјави дека не планира да ја прифати понудата и ќе остане во Македонија и идната сезона.