„Ако Мота остане, Влаховиќ ќе замине“

Поранешниот стопер на Јувентус, Леонардо Бонучи зборуваше за актуелната ситуација во Јувентус, а смета дека Душан Влаховиќ би можел да замине од Торино ако Мота остане тренер на „старата дама“.

За Бонучи било тешко да се гледа дебаклот против Аталанта во 28. коло во кое Јувентус беше поразен со 4-0 на свој терен.

„Направивме будали од себе. Го гледав натпреварот на телевизија со своите деца кои беа очајни, како и јас. Ми беше тешко бидејќи публиката си замина пред истекот 90 минути. Овие натпревари покажуваат дека Јувентус треба да расте во сите погледи. Мота некогаш игра добро, но во некои ситуации се мачи во завршницата и на фудбалерите им недостасува исксутво. Без четвртото место сезоната би била неуспешна“, изјави Бонучи.

Кога е Влаховиќ во прашање очекува да замине ако Мота остане.

„Ако Мота остане, мислам дека Душа не може да продолжи. На почетокот играше, но потоа нешто се промени“, смета Бонучи.