Ивановски се пласира на главниот турнир во Пореч

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска славеше против Лука Плосниќ од Италија со 2-0 во сетови и се пласира на главниот турнир на М15, кој се игра во хрватскиот град Пореч.

Ивановски славеше во двата сета против Плосниќ со по 6-3 и со тоа ја запиша третата победа во квалификациите во Пореч.

Талентираниот македонски тенисер во првото коло од турнирот ќе се соочи против Стефан Поповиќ, кој е шести носител.

Турнирот во хрватскиот град Пореч се игра за награден фонд од 15.000 долари и дел е од турнирите „Истарска ривијера“.