
Почнува судењето за смртта на Марадона, докторите ги чека затворска казна до 25 години
Обвинителството заклучи дека докторите кои се грижеле за него не посветиле доволно внимание и неговата смрт можела да се избегне.
На обвинителната клупа ќе се најдат седум лица, меѓу кои се неврохирургот, психијатарот и психологот на Марадона. Осомничените демантираат дека направиле нешто погрешно и сметаат дека Аргентинецот бил тежок пациент кој не дозволувал да биде лекуван.
Судењето се очекува да трае неколку месеци, а на секој од осомничените им се заканува затворска казна до 25 години.