Поранешен американски тенисер му нуди помош на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во резултатска криза, откако за првпат по седум години запиша три порази по ред, па многумина го испраќаат во пензија, но не делува дека Србинот лесно ќе се предаде.

Поранешниот американски тенисер Тенис Сандгрен преку социјалните мрежи му понуди помош на Ѓоковиќ.

„Најдобриот во историјата се мачи. Можам да помогнам“, напиша Сандгрен.

Американецот и во минатото знаеше да застане во одбрана на Ѓоковиќ, како тогаш кога го протераа од Австралија, а сега се понуди и да биде дел од тимот на најдобриот тенисер во историјата.