Манчестер сити обвинет за нови прекршоци на финансискиот фер-плеј

Англиската спортска јавност го следи развојот на случајот на Манчестер сити, кој е обвинет за кршење на финансискиот фер-плеј (ФФП). Неодамна имаше напредок во истрагата за 115 обвинувања на сметка на гигантот, а Премиерлигата се подготвува за епилог.

Раководството на Премиерлигата го обвини клубот дека ги прекршил правилата, а новите извештаи покажуваат дека бројот на обвиненија се зголемил на 130.

Доколку се потврди дека „сините“ направиле сериозни прекршоци на ФФП, тоа ќе има големи последици за иднината на лигата. Иако не е јасно какви казни ќе бидат изречени, сепак постои можност независната комисија да предложи исфрлање на гигантот од елитата.

Меѓутоа за да се оствари такво нешто, ќе треба и останатите тимови од лигата да гласаат за одлуката на независната комисија.

За да се примени одлуката ќе мора дури 15 од 20 тимови да гласаат „За“ истата и потоа Манчестер сити би бил исфрлен во понизок ранг.