Објавена снимка од спасувањето на Костелиќ – скијачот бил на милиметри до смртта (ВИДЕО)

Црногорските спасувачки служби вчера околу 19 часот добиле повик за помош од член на експедиција во која биле хрватскиот скијач Ивица Костелиќ и двајца Французи.

Тие со кајаци се спуштале кон устието на реката Бојана, на границата со Албанија, кога силнен јужен ветер ги однело на отворено море. Еден од Французите успеал да стигне до брегот во Албанија, додека Костелиќ и вториот Французин биле лоцирани со термовизиска камера од хеликоптер.

Поранешниот светски шампион во слалом се држел за својот кајак и бил во животозагрозувачка ситуација, бидејќи температурата на морето била само 14 степени целзиусови. Спасувачките служби веднаш реагирале за да ги извлечат од опасност. Видеото од спасувањето може да го погледнете ТУКА.