
Голманската иднина на Македонија дебитираше за Пелистер (ФОТО)
Давид, синот на поранешниот македонски селектор Данило Брестовац кој исто така беше голман, денеска ги одигра првите минути за најдобриот тим на Пелистер.
Тоа се случи на мечот меѓу Пелистер и Бутел кој битолскиот тим го доби со 34-25.
Младиот Брестовац влезе на местото од Никола Митревски и го запиша првиот настап за Пелистер.