Голот на Елмас не беше доволен за победа, реми на Торино кај Парма! (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стрелец на гол во ремито на Торино на гостувањето кај Парма, мечот заврши 2-2.

Македонскиот репрезентативец игра во голема форма откако се врати во Серија А, постигнува гол на трето гостување по ред.

Денеска постигна убав погодок кај Парма, погоди во 19. минута за водство на Торино од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 60. минута кога Пелегрино го изедначи резултатот на 1-1. 

Девет минути подоцна Елмас излезе од игра.

Во 72. минута Адамс ја врати предноста на Торино, но десет минути подоцна Пелегрино даде уште еден гол за конечни 2-2.

Венеција со гол од пенал во 95. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Комо, мечот заврши 1-1.

Комо водеше со погодок на Иконе од 49. минута, Гиткјаер во 95. минута донесе бод за гостите.