Миленкоски по трет пат во кариерата ќа ја предводи Македонија
Актуелниот тренер на грчки ПАОК во претходниот мандат на кормилото на Македонија стигна до историско осминафинале на континенталниот собир.
Миленкоски ќе ги преземе одбојкарите на средината на квалификацискиот циклус за Европското првенство кое ќе се одржи во 2026 година, а Македонија се бори за четврто евро-учество во низа.
Управниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) соопшти дека стручниот штаб на женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го сочинуваат српскиот тренер Стефан Пауновиќ, кој ќе продолжи да ја води селекцијата, заедно со стратегот на македонскиот женски првак Душко Деспотовски.
Женската селекција до 19 години ќе ја предводат селекторот Александар Митев и Бранка Каленикова, додека машката селекција до 19 години ќа ја тренира Дејан Стојанов.
На Европските Младински Олимписки Игри (ЕМОФ 2025), исто така, ќе се натпреваруваат машката и женската селекција до 18 години. Момчињата ќе ги предводат Атанас Милев, Васе Михаилов и Бесим Реџа, додека кај девојките во стручниот штаб се Никола Јаневиќ и Александар Темелковски.