Чави би можел повторно да биде тренер во Ла Лига
Во изминатиот период се шпекулираше дека Чави е кандидат за кормилото на Манчестер јунајтед, но таа позиција беше пополнета со португалскиот стратег Рубен Аморим.
Чави во разговор со „Франс Фудбал“ откри дека повторно би сакал да биде тренер во Шпанија.
„Зошто да не тренирам друг клуб во Шпанија? Барам амбициозен проект и тоа е мојата желба, сакам да освојувам трофеи“, кажа Чави.