
Јокиќ блескаше и повреден, Денвер со пресврт до победа (ВИДЕО)
Денвер славеше на домашен терен со 116-110, благодарение на пресвртот во последната четвртина откако претходно цел меч се наоѓаше во негатива, на моменти и со 14 поени разлика. Последниот период го отвори со 12-2, потоа направи уште една серија од 8-0 и во финишот го скрши отпорот на противникот кој дојде ослабен, без најдобриот играч Домантас Сабонис.
Јокиќ влечеше повреда од претходниот дуел, против Бостон, во текот на денот имаше информации дека е можно и да не настапи, но сепак се најде во тимот и одигра на високо ниво. Овојпат не оствари трипл дабл, но сепак постигна 22 поена, 16 скока и 6 асистенции.
Некрунисана остана партијата на Демар Дерозан кој постигна 35 поени, Валанчиунас оствари дабл дабл со 19 поени и 13 скока, но Кингс сепак ја прекинаа серијата од четири победи.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Портланд 128-118
Шарлот - Минесота 110-125
Клиленд - Мајами 112-107
Вашингтон - Јута 125-122
Милвоки - Далас 137-107
Денвер - Сакраменто 116-110
Мемфис - Оклахома 103-120
ЛА Клиперс - Детроит 123-115