Ван Перси не може да смета на дури 14 фудбалери за дуелот со Интер!

Феенорд е драстично осакатен за осминафиналниот двобој со Интер кој започнува денеска во Ротердам.

Новиот тренер на Феенорд, Робин ван Перси не може да смета на дури 14 проблеми, најголемиот дел од нив се повредени, но има и суспендирани.

На листата на отсутни се: Џастин Бајлов, Ин Беом Хванг, Антони Миламбо, Јакум Модер, Квинтен Тимбер, Гиваиро Реад, Гернот Трауне, Калвин Стенгс, Ајасе Уеда, Рамиз Зеруки, Крис-Кевин Надје, Квилиндши Хартман, Факундо Гонзалез, Барт Нивкоп.

Интер ионака е голем фаворит во овој двобој, а состојбата во која им се наоѓа противникот може само дополнително да им ја олесни задачата.

Феенорд во плејофот го елиминираше Милан, а судбината сакаше сега на мегдан да искочат со другиот тим од Милано.

Денешниот натпревар меѓу Феенорд и Интер почнува од 18:45 часот.