Стојановиќ го објави списокот за мечевите со Полска и Алжир

Селекторот на македонската млада ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го објави списокот на ракометари за престојните пријателски натпревари против Полска и Алжир.

Македонските ракометни надежи во рамките на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари.

Двете средби ќе се играат во полскиот град Олецко. На 13. март играме против домашната селекција на Полска, а ден подоцна против селекцијата на Алжир.

Собирот е закажан за понеделник 10 март со почеток од 13 часот во Хотел Карпош, Скопје.