Пелистер ја распродаде цела сала за „неважниот“ меч против ѕвездите од ПСЖ!

Пелистер можеби ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тоа нема да биде шречка да го дочека моќниот ПСЖ во атмосфера достојна за голем спектакл.

Клубот од Битола потврди дека билетите за натпреварот, кој ќе одигра в четврток (20.45 часот), се распродадени, шро значи дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место во овој, за домашниот тим, резултатски неважен дуел.

„Спремно е да започне уште една луда претстава…“, порача Пелистер.

ПСЖ на ова гостување ќе биде предводен од Раул Гонзалес, добро познат на македонската публика како стратегот кој го водеше Вардар до титулата во Лигата на шампионите.