
Консеисао ја преживеа кризата - нема отказ за тренерот на Милан
Синоќа „росонерите“ загубија на домашен терен од Лацио со 1-2, но генералниот директор на клубот Џорџо Фурлани одби целата вина да ја стави на грбот на португалскиот стручњак. Пред два дена, Газета дело спорт објави дека Цеск Фабрегас е најсериозен кандидат да го замени Консеисао, но до тоа нема да дојде во моментов.
„Кога резултатите се толку под очекувањата, не е одговорна само една личност. Сите сме виновни, а тука припаѓам и јас како генерален директор“, рече Фурлани.
Милан во моментов се наоѓа на деветтата позиција на табелата и минимални се шансите идната сезона да заигра во Лигата на шампионите.