Лејкерс вторпат за два дена, на крилјата на Дончиќ ги преслушаа Клиперс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс се искачи на второто место во Западната конференција откако утринава, вторпат за 48 часа го совлада својот градски ривал.

Резултатот беше сличен како завчера, 108-102 (тогаш беше 106-102), а повторно блескаше Лука Дончиќ кој се наметнува како лидер на тимот. На две минути пред крајот на третит период, Лејкерс имаа +21, но му дозволија на противникот да се доближи и да ја загрози победата. Сепак, најмногу што гостинскиот тим успеа да дојде е пет разлика, а при 107-102 за Лејкерс, промаши дури четири шута за тројка.

За Лејкерс ова беше шеста победа во низа и сега се на само еден триумф помалку од Денвер, со два меча помалку од него, но процентуално се подобри од шампионот од 2023 година и затоа го фатија второто место на Западот. Дончиќ го заврши мечот со 29 поени што значи дека за два дена им даде на Клиперс точно 60.

Изненади Нехт кој го заврши мечот со 19 поени, додека Леброн Џејмс остана на 17 поени, 9 асистенции и 5 скока. Прв стрелец на мечот беше Ленард со 33 поени на кои додаде 10 скока.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Денвер 110-103
Кливленд - Портланд 133-129
Индијана - Чикаго 127-112
Орландо - Торонто 102-104
Мајами - Њујорк 112-116
Сан Антонио - Оклахома 132-146
Јута - Минесота 121-128
Феникс - Минесота 98-116
ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс 108-102