Линделоф и Зиркзе трагичари: Фулам на пенали го елиминира Јунајтед од ФА-купот

„Црвените ѓаволи“ напаѓаа во првиот дел, меѓутоа напаѓачите на гигантот не беа расположени, а тоа знаеше да го казни Калвин Баси во првата минута од судиското надополнување.

Јунајтед не можеше да ја пробие одбраната на лондонскиот тим ниту во вториот дел, по што Рубен Аморим направи четири измени, а конечно капитенот Бруно Фернандеш израмни на 1-1 во 71. минута.

Резултатот не се менуваше до крајот на регуларниот дел, по што тимовите продолжија со борбата во продолженија, каде што повторно имаше возбудувања, но немаше голови и победникот се решаваше на пенали.

Во пенал-рулетот „ѓаволите“ не беа најпрецизни, односно трагичари беа Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе, кои ги промашија ударите од белата точка.