Рома со пресврт го реши Комо за четврта победа по ред

Фудбалерите на Рома триумфираа против Комо со пресврт (2-1) во 27. коло од италијанската Серија А.

Де Куња во завршницата на првото полувреме ги шокираше Римјаните, откако погоди за предност од 1-0 на Комо.

„Старата волчица“ се разбуди по еден час игра, кога Саелемакерс погоди за 1-1, а потоа Кемпф доби црвен картон и почнаа проблемите за гостинскиот состав.

Довбик беше стрелец на вториот погодок за Рома, со што ѝ обезбеди нов триумф во италијанскиот шампионат.

Рома се наоѓа на осмата позиција со 43 бодови, односно четири поени помалку од позициите кои водат во европските натпреварувања.