Данди прокоцка триумф против Абердин, Трапановски запиша асистенција

Данди јунајтед одигра нерешено на гостувањето кај Абердин (2-2) во 29. коло од шкотскиот шампионат, а македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски запиша асистенција.

Гостинскиот состав прв постигна гол, и тоа преку Шевељ во 20. минута, а потоа Трапановски му асистираше на Далби за предност од 2-0.

Абердин се разбуди во финишот од средбата, кога Нисбет со два погодоци обезбеди бод за домашниот состав.

Данди остана на петтата позиција со 41 бод, додека Трапановски во досегашниот дел од сезоната има две асистенции и еден гол за својата екипа.