Барселона го распарчи Реал Сосиедад и го презема врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона триумфира против Реал Сосиедад со 4-0 и го презема врвот во шпанската Ла Лига.

Елустондо доби црвен картон во 17. минута од средбата, по што почнаа проблемите за гостите, а тоа го казнија Мартин и Касадо за предност од 2-0 на Барселона.

Барселона во второто полувреме постигна уште два гола, и тоа преку Араухо и Левандовски за конечни 4-0.

Избраниците на Ханси Флик го преземаа врвот и имаат 57 бодови, односно еден повеќе од Атлетико Мадрид и три повеќе од Реал Мадрид по 26 одиграни кола.