
Шампионот со Илчо Ѓорѓиоски оди во Кратово, Гостивар на мегдан со Работнички
Силекс првата полусезона ја заврши на првото место, но уште ја бара првата победа во пролетниот дел. Денеска во Кратово го пречекуваат актуелниот шампион Струга кој доаѓа освежен, со нов тренер.
По поразот од Вардар, Струга се реши за промена на тренерската позиција, го назначи Илчо Ѓорѓиоски кој денеска ќе дебитира.
Амбициозниот тим на Гостивар го пречекува Работнички, тоа е дуел на два тима кои се борат за шампионската титула и бодовите им се повеќе од неопходни.
Шкендија се одлепува, а за да не избегне дополнително, бодовите им требаат и на Гостивар и на Работнички, но некој од нив ќе го одржи чекорот со водечкиот, а другиот ќе доживее удар во трката за првото место.
Шкендија очекува сигурна победа против Тиквеш, кратовскиот тим кој оваа сезона се бори за опстанок ќе се обиде да направи изненадување во Тетово и да остане непоразен, но фаворитската улога ја има домаќинот.
Шкупи пролетниот дел од сезоната го стартуваше со две победи, вкупно има четири по ред и игра во најдобра форма од сите. Денеска на Чаир доаѓа Пелистер со зголемена самодоверба по гостинскиот триумф кај Тиквеш.
Важен меч за опстанок се игра во Охрид каде Воска ќе ја пречека Брера.
Колото почна вчера со дуелот меѓу Вардар и Беса кој заврши без голови.
ПМФЛ 21. коло 14 часот
Силекс - Струга
Гостивар - Работнички
Шкендија - Тиквеш
Шкупи - Пелистер
Воска - Брера
Вчера
Вардар - Беса 0-0
Табела: Шкендија 43, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38, Струга 32, Шкупи 28, Пелистер 23, Брера 20, Вардар 17 (+1 натпревар), Тиквеш 15, Беса 15 (+1 натпревар), Воска 15.