Аморим: Социјалните мрежи ги уништуваат денешните фудбалери!

Фудбалот значително се промени во изминатите години, а овие трансформации не се ограничени само на зголемениот број натпревари и финансискиот аспект, со оглед што социјалните мрежи играат сè поголема улога, влијаејќи врз играчите и нивната психолошка состојба.

На оваа тема се осврна и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат фудбалерите во справувањето со критиките.

„Во минатото, единствениот извор на информации беа весниците, но денес ситуацијата е поинаква. Социјалните мрежи променија сè – невозможно е да ги избегнете вестите и коментарите. Играчите можат да прочитаат стотици позитивни работи, но само еден негативен коментар може да им остави силен впечаток. Поради тоа, многумина сметаат дека станале почувствителни, но всушност се изложени на постојан притисок. Тие имаат потреба од поддршка за да се справат со оваа реалност“, изјави Аморим.

Според него, ова е составен дел од модерниот фудбал, а играчите мора да бидат подготвени за новите предизвици што ги носи дигиталната ера.