
Вардар сака да врзе три победи по ред - на „Градски“ доаѓа Беса!
Со мечот меѓу Вардар и Беса кој се игра од 14 часот на „Градски“ во Скопје, почнува 21. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Црвено-црните се во налет, по лигашката победа во Струга и триумфот против Силекс во Купот на Македонија, Вардар има можност да врзе три триумфи по ред доколку денеска слави над Беса.
Формата и предноста на домашниот терен го прават Вардар фаворит во овој дуел против Беса која е последна на табелата, но разликата со скопскиот тим е само два бода.
Националната арена „Тодор Проески“ по денешниот меч ќе биде затворена, а поради тоа Вардар мораше денеска да ја пречека Беса. Ова е хендикеп за нив бидејќи во средата играа меч против Силекс, за разлика од противникот кој немаше куп обврски. Свежината ќе биде на страната на гостите, но вардарци сега имаат поширок ростер отколку во есенскиот дел од сезоната, па Гоце Седлоски ќе може да комбинира.
ПМФЛ 21 коло.
Денеска 14 часот
Вардар - Воска
Утре 14 часот
Гостивар - Работнички
Шкендија - Тиквеш
Шкупи - Пелистер
Силекс - Струга
Воска - Брера