
Спектакуларно дерби: Шампионот прокоцка плус 22 против Кливленд (ВИДЕО)
Актуелниот првак имаше фуриозен почеток и пове со 25-3, но „Коњаниците“ постепено ја намалуваа разликата. Во последната четвртина го презедоа водството и триумфираа, за што најзаслужен беше Донован Мичел со 41 поен. На спротивната страна, Џејсон Тејтум одигра фантастичен меч за Бостон, постигнувајќи 46 поени, 16 скока и 9 асистенции, но тоа не беше доволно за победа.
Тимот на Чикаго по едно продолжение го победи Торонто (125-115), а лидерот на западната конференција, Оклахома сити беше убедлив против Атланта со 135-119. Голема драма и завршница за инфаркт имаше во Мемфис каде што Њујорк никс ги совлада домашните „гризлис“ (114-113). Причина за тоа е што во последните 24 секунди од мечот, екипите трипати се менуваа во водство.