
Битката за трофеите во одбојкарскиот Куп ќе се води во Радовиш
Деновите на одбојката ќе се одржат од 3 до 5 април со тоа што првиот ден на програмата ќе бидат полуфиналните дуели во машка конкуренција, вториот ден во женска конкуренција, а третиот ќе се играат натпреварите за трофеите. Ова е вторпат завршницата од Купот на Македонија да се организира во Радовиш, по 2023 година кога кај мажите триумфираше Струмица, а кај дамите Работнички.
Оваа сезона, во машка конкуренција за пехарот ќе се борат Штип, Струмица, Борец и Работнички, а во женска - Наковски Волеј, Јанта Волеј, Фит фан Волеј и Работнички. Ждрепката ќе се одржи на 7 март во Скопје.