Ако дојде Чаби Алонсо во Реал, прв ќе „лета“ еден од голманите

Последните месеци имаше голем број информации дека Карло Анчелоти ја работи финалната сезона како тренер на Реал и дека на негово место се подготвува да дојде Чаби Алонсо.

Потврда за тоа се уште нема, но шпанските медиуми тврдат дека ако дојде актуелниот тренер на Баер, ќе има неколку измени во тимот. Првиот што ќе си оди, според нив, е украинскиот голман Андриј Лунин кој лани имаше голем придонес за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите имајќи предвид дека Тибо Куртоа долго беше повреден и не можеше да брани.

На негово место, Алонсо планира да го донесе Жоан Гарсија од Еспањол кој е одличен на голот оваа сезона. Сепак, Реал ќе има конкуренција за неговиот потпис бидејќи за него се интересира и Барселона, во случај да не биде продолжена соработката со Шчесни.