Заврши сезоната на Ембид!

Главната ѕвезда на Филаделфија и поранешен МВП на НБА, Жоел Ембид поради повреда предвреме ја завршува сезоната.

Ембид го повреди коленото и информациите велат дека ќе мора да оди на операција. Не се исклучува можноста и една година да биде надвор од теренот.

Тој поради повреди пропушти повеќе натпревари оваа сезона, па овојпат реши со операција да ги реши проблемите.

Ембид оваа сезона одигра само 19 натпревари, имаше просек од 23,8 поени, 8,2 скокови и 4,5 асистенции по натпревар.