Фиорентина со триумф над Лече ја прекина серијата порази! (ВИДЕО)

Фиорентина со минимални 1-0 го совлада Лече и стави крај на низата од три загубени меча по ред, виолетовите промашија и пенал.

Единствениот гол на натпреварот падна уште во деветтата минута кога Госенс погоди за водство на Фиорентина од 1-0.

Домаќините можеа да слават и поубедлива победа, но Белтран на 15 минути до крајот промаши пенал.

Голот може да го видите ТУКА.