
Oфицијално: Илчо Ѓорѓиоски е наследникот на Ќатип Османи
На клупата на Струга Ѓорѓиски дебито ќе го има в недела кога овој тим ќе се соочи со кратовски Силекс.
За Ѓорѓиоски ова е враќање на тренерската работа откако последниот ангажман го имаше во 2023 година и тоа во грчка Калмата, претходно во кариерата ги предводеше: Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, а еден период беше и селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
На клупата на Струга пристигнува кога овој тим веќе заостанува 11 бода за лидерот Шкендија, па затоа одбрана на титулата за сега изгледа како тешка задача.