
Гостивар ангажира српски кошаркар (нај)познат по – девојката старлета (ФОТО)
Тој игра на позиции „три“ и „четири“ и треба да биде замена за Американецот Дешон Хемптон, кој се повреди на завршниот турнир од Купот на Македонија во Гевгелија, каде што гостиварци направи изненадување со елиминација во четврт-финалето на првиот „носител“ ТФТ. Ѓорѓевиќ доаѓа од грчкиот тим Докса Лефкада, а можеби најпознат е по својата девојка, Катерина Барзетовиќ, која важи за позната инфлуенсерка (старлета) во северното соседство. Доказ за тоа се повеќе од 50.000 следбеници на Инстаграм.
Гостивар и покрај добрите игри во последно време во моментов е на десеттата позиција на табелата, со две победи помалку од осмопласираниот Феникс, кој е на последната позиција што води во плејофот и тоа на пет кола до крајот на регуларниот дел од првенството.