Волкановски размислува за пензија!

Борецот со македонско потекло, Александар Волкановски во последниот период не поминува најдобри денови и размислува за крај на кариерата.

На почетокот на минатата година Волкановски беше поразен од Ислам Макачев, а и покрај лошиот период се уште се смета за еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ. По поразот од Макачев, Волкановски беше поразен и од Илија Тупорија со нокаут во втората рунда.

Во една ваква ситуација самиот почнал да размислува за пензија.

„Очекува да одработам уште неколку борби. Ќе видиме. Може да се случи ситуација да бидам добар во наредната борба, па да сакам уште повеќе. Но, колку долго би можел така? И понатаму го сакам овој спорт, но прашање е колку долго сакам да работам на себе и своето тело. Чувствувам дека ми е потребно одмор и се радувам на фазата од животот која ќе следи. Но, сигурно сакам уште еднаш да се обидам, уште еднаш целосно да се посветам. Потоа би можел да завршам, така во овој момент размислувам“, изјави Волкановски.