
Попович нема да се врати на клупата на Сан Антонио до крај на сезоната
Попович доживеа мозочен удар на 2 ноември минатата година, по што неговата позиција ја презема помошникот Мич Џонсон.
„Решив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич и неговиот тим се одлични. Сакам да се фокусирам на моето здравје со надеж дека ќе можам да се вратам на работа во иднина“, кажа Попович.
— San Antonio Spurs (@spurs) February 27, 2025