
РФМ одреди популарни цени на билетите за мечот Македонија - Словенија
Натпреварот меѓу македонската селекција и Словенија се игра на 12 март со почеток од 20 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а продажбата ќе почне на 3 март во 12 часот на интернет-страницата на „МК Тикетс“, додека влезници ќе може да се купат и на сите продажни места низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Словенија е 200 и 300 денари.